ВЕЧЕРВА 8 ЕПИЗОДА НА ТВОЕТО ЛИЦЕ ЗВУЧИ ПОЗНАТО
Вечерва не очекува уште една возбудлива епизода од шоуто „ Твоето лице звучи познато “. Учесниците се припремаат подобро како никогаш, маскерите се на високо ниво на задачата, но сепак својот суд за настапите ќе го даде четиричлената жири комисија. Покрај Марија, Иван и Ѓуро на местото на 4 член на жири комисијата или специјален гостин ќе седне еден од најпопуларните глумци Иван Босиљчиќ. Драган Којиќ Кеба како задача ја доби имитацијата на легенадата Шабан Бајрамовиќ. Добрите другари и колеги, Тања Савиќ и Бане Мојичевиќ ќе пеат песна од филмот „ Зона Замфирова “. После маестралната имитација на Ники Манаж, поради која сите слатко се насмеаа, Ненад Оканоиќ ќе го оживее фронтменот на групата Нирвана -Курт Кобејн. Нашата Елена Ристеска ја чека огромна задача во која ќе мора да ги покаже гласовните способности и квалитети на кралицата на ромската музика Есма Реџепова, а исто таков настап ја очекува и младата Катарина Богичевиќ која ќе мора да се трансформира во Јосипа Лисац. Иван Јевтовиќ ке се преоблече во зенски фустан и ќе ја одигра улогата на Мерлин Монро. Звонко Пантовиќ ќе имитира од грипата Милиграм, Неда Украден ќе влезе во кожата на Тина Тарнер, додека пак Јелена Гавриловиќ ќе прикаже музичко-сценски настап на американската звезде Пинк.