Вечерва Вардар против Стеауа во квалификациите За Лигата на шампиони
Македонскиот фудбалски првак Вардар вечерва од 19 часот и 45 минути на „Националната арена во Букурешт“ и гостува на Стеауа во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Според тренерот Боби Милевски „црвено-црните“ подготвени го дочекуваат првиот дуел од двомечот со романскиот шампион.
- Од тоа што го забележувам кај сите наши фудбалери овие два дена во Букурешт, дефинитивно сум сигурен дека ќе го дадат максимумот и ќе играат од срце за Вардар, за црвено-црните бои, за своите навивачи и за македонскиот фудбал. Знам дека тоа што го очекувам од нив нема да изостане на теренот, а на крајот се надевам дека ќе биде доволно да се извлече поволен резултат против моќниот противник, истакна Милевски по синоќешниот тренинг.
Освен средбата Стеауа – Вардар денеска се играат уште седум први натпревари од 2.коло во квалификациите за ЛШ.
Двојките се: Плзен – Железничар, БАТЕ – Шахтјор, Динамо Тбилиси – Стрејмур, Екранас – Хафнарфјордур, Тираспол – Сутјеска, Биркиркара – Марибор и Фола – Динамо Загреб.