ПОЧЕТНА » ЗАБАВА » ВЕЧЕРВА Е МЛАДА МЕСЕЧИНА

ВЕЧЕРВА Е МЛАДА МЕСЕЧИНА


Додадено на 13-07-2016 во ЗАБАВА

Вечерва е Млада Месечина, што значи дека е период за остварување на сите соништа поврзани со љубовта, работата, или можеби некое патување. Све што ви треба, е искрено да посакате тоа што највеќе го сакате, и да го направите ритуалот до 21 часот.

1 чекор: Седнете некаде тивко, за да можете да се сконцентрирате. Одлучете кои ви се 10 најважни желби, и потоа гласно кажете ги една по една. Потоа, замислете дека сите тие ви се исполниле, и како би се осеќале тогаш. Замислете ја радоста која би ве обзела. Дајте си на себе време да уживате во секој момент, и претварајте се дека се тоа е стварност.

2 чекор: Нацртајте се што сакате. Што повеќе енергија вложите во цртежот, тоа резултатите ќе бидат подобри. Овој дел ќе ви помогне да го визуелизирате исполнувањето на важите желби.

3 чекор: Со секоја слика од желбите, замислете позитивна афирмација со која ќе ја подржите, и запишете ја. На пример, напишете “Јас сум заљубен/а“ ако сакате љубов. Овој дел не смеете да го прескокнете.

4 чекор: Размислете за секоја желба и начинот на кој ќе ја остварите.

5 чекор: Поминете малку време медитерајќи, или само во тивко размислување за вашите цели.

Можеби ова ќе ви изгледа чудно, но научно е докажано дека медитацијата ја намалува нервозата, а седењето во тишина на мозокот му дава неколку минути да се ослободи од непотребните мисли, и да направи простор за вашите најискрени желби.

Како се доближува следната Млада Месечина, погледајте ја листата од минатиот месец, и проверете која од желбите се исполнила. Погледнете го списокот, и на секоја желба дајте и оцена од 1 до 100, базирано на тоа колкави се шансите да се исполни. Бидете искрени према себе. Посветете поголемо внимание на желбите кои имаат поголема оцена од 50.