ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ВЕЧЕРВА ЌЕ ГОРАТ БАДНИКАРСКИТЕ ОГНОВИ

ВЕЧЕРВА ЌЕ ГОРАТ БАДНИКАРСКИТЕ ОГНОВИ


Додадено на 05-01-2016 во НЕГОТИНО

 

Вечерва низ цела Македонија ќе горат бадникарските огнови. Традиција со која се најавуваат претстојните празници Бадник и Божиќ. Секое маало, заедница и општина во земјата вечерва си организира своја прослава. Неколку дена се собираат пари од секој дом се купуваат дрва, обезбедуваат пијалоци и посна храна бидејќи според православните обичаи бидејќи утрешниот ден е последниот ден од 40 дневните божиќни пости.  Во секое маало, општина вечерва се крши традиционалното бадниково лепче во кое има паричка, а на оној кому ќе му се падне следната година ќе биде кум на огнот. Гравче, посни сарми, колачиња, костени ракија, сокови, чај е се јадењата кои вечерва граѓаните ги принесуваат на бадникарскиот оган. според верувањата бадникарскиот оган  го симболизира загревањето на пештерата кај Витлеем во која се родил Исус. Бадникарското гранче е симбол за задутрешниот празник Божиќ, кој претставува еден од најсветлите празници за сите православни верници. И повторно се поставува прашањето – дали палењето на Бадникарскиот оган е пагански или православен обичај. Свештени лица од Македонската православна црква – Охридска архиепископија објаснуваат – суштината е во заедништвото, но дружењето треба да биде во божјите храмови.