ПОЧЕТНА » СПОРТ » ВИДЕО: Дарко Илиевски ја соблече Марија Нацева

ВИДЕО: Дарко Илиевски ја соблече Марија Нацева


Додадено на 22-10-2012 во СПОРТ

Дарко Илиевски, ексклузивецот на „Горила“ продукција, со промоцијата на новата песна „Гола“ најавува нешто интересно и уникатно, а за истата има и видеозапис.

 

 

Спотот на новата песна, којашто и самата носи провокативно име, е во режија на дуото Владимир Дади Ивановски и Нена Зафировска, кои на најдобар визуелен начин ја претставија голотијата. Темата на песната е искреноста, довербата и љубовта.

Дарко Илиевски изјави дека во ова време кога ретко сме искрени пред себеси, тој се обидел да каже дека е најважно да се најде партнер којшто ќе се „разголи“ пред нас.

-Доколку тоа се случи, задржете ја таа личност, вели тој.

Во видеозаписот којшто е снимен во една просторија претворена во музичко атеље, во главна улога, покрај самиот Дарко, ја има Марија Нацева.

"Гола" е дело на Лазар Цветкоски. Тој ја направи музиката и аранжманот, а текстот е на Дарко Илиевски, Лазар Цветкоски и Милан Миланов.

Матичната куќа на Дарко Илиевски, Горила продукција, вели дека следуваат уште нови и уникатни дела за да се зголеми квалитетот на македонската музичка сцена.