ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ВИКЕНДОВ ВО НЕГОТИНО ЌЕ СЕ ОДРЖИ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО РАКОМЕТ

ВИКЕНДОВ ВО НЕГОТИНО ЌЕ СЕ ОДРЖИ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО РАКОМЕТ


Додадено на 01-04-2016 во НЕГОТИНО

Во сабота и недела (2 и 3 април) во спортската сала на средношколскиот училишен центар “Св.Кирил и Методиј” ќе се оддржи првиот меѓународен ракометен турнир “НЕГОТИНО 2016” на кој учество ќе земат осум екипи од кои четири во машка и четири во женска конкуренција. Во машка конкуренција ќе настапат екипите на домаќинот РК “Вардар - Неготино”, германската екипа HC “Wiedenbruck”, екипата на РК “Беса Фамилија” од Косово и екипата на РК “Астраиoн” од Струмица. Во женска конкуренција ќе учествуваат екипите на ЖРК “Вардар - Неготино”, HC “Wiedenbruck” и двете екипи на ЖРК “Струма” од Струмица.

 

 

Инаку во текот на 2015 година, Ракометниот клуб “Вардар Неготино” учествуваше на 13-тото издание од големиот ракометен турнир “EMS CUP OPENAIR HANDBALL” кое се одржа од 20.06 до 21.06 во Виеденбрук, Германија, па ова гостување на гостите од Германија е своевидно продолжување на соработката помеѓу двата клуба. Организатор на меѓународниот турнир “НЕГОТИНО 2016” е ракометниот клуб “Вардар - Неготино”, а коорганизатор и поддржувач на истиот е општина Неготино.