ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Виртуелна македонско - руска музичка соработка

Виртуелна македонско - руска музичка соработка


Додадено на 27-11-2013 во МАКЕДОНИЈА

Се сретнале со своите You tube канали, продолжиле да комуницираат преку Фејсбук, а од тоа произлегла нивната прва заедничка песна.

 

Martin and Artur

 

Виртуелниот свет станува реалност - ова го тврдат се’ повеќе и повеќе стручњаци, а оваа музичка соработка го докажува тврдењето.

 

Седумнаесетгодишниот Мартин Андов од Неготино остварил соработка со руски пејач со псевдоним Екс Артур. Тие најпрвин се сретнале со своите Јутјуб канали, а продолжиле да комуницираат преку Фејсбук. Комуникацијата на овие двајца млади музичари кулминирала со нивната заедничка песна во која Андов работел на музиката, а Артур на текстот.

 

Средношколецот Мартин веќе има соработувано со повеќе музичари од Македонија, но ова е прва негова меѓународна соработка.

 

- Екс Артур ме најде на мојот канал на Јутјуб и ми понуди соработка затоа што бил задоволен од музиката којашто ја правам. Јас прифатив. Продолживме да комуницираме преку Фејсбук и направивме песна. Многу сум задоволен од соработката со него - со воодушевување зборува Мартин.

 

Артур пак, чиешто друго уметничко име е Art1sBack, нагласува раскажува дека не би можел да се сети на неговата виртуелна средба со Мартин, но дека многу добро се сеќава колку учтиво и отворено за соработка изреагирал кога му ја понудил соработката.

 

- Не би можел да ви кажам како се сретнавме со Мартин, но можам да ви кажам за тоа колку бев воодушевен од неговата љубезност. И покрај тоа што речиси постојано тој е зафатен и со други проекти, на кои работи, сепак наоѓаше време за да го сработиме она за коешто сме се решиле. Мислам дека ова е значајно за нас двајца, а дефинитивно го постигнавме само со многу труд и многу сериозност кон работата.

 

Новата македонско - руска или руско - македонска песна  можете да ја погледнете на видеото подолу. Од овде, проценете колку реален ни стана виртуелниот свет.

 

 

 

Елена Данова