ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ЗОРАН СТАВРЕВСКИ НА ТРИБИНА ВО НЕГОТИНО
Реализација на бројни проекти содржани во ветената програма, реализација на идни проекти но и идеи од граѓаните беа темите на синоќешната трибина на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ која се одржа во Центарот за култура “ Ацо Ѓорчев “ во Неготино на која говореше вицепремиерот, а воедно и министер за финансии Зоран Ставревски. Пред граѓаните од општина Неготино вицепремиерот ги истакна реализираните проекти во сите области кои тие ги имаа ветено пред граѓаните со единствен акцент дека ВМРО ДПМНЕ е партија која се грижи и понатаму ќе се грижи за граѓаните и обезбедување на подобар живот и егзистенција како за граѓаните така и за самата држава.
Вицепремиерот Ставревски додаде дека нивна работа е во целата држава да има инвестиции, а посебно се задоволни кога инвестиции се случуваат и во помалите места, а не само во Скопје. Пред присутните сограѓани се обрати и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој ги истакна проектите кои се реализираа и ќе се реализираат во наредниот период, а најголем акцент стави на најголемиот проблем во општината а тоа е реконструкцијата на водоводната мрежа во општина Неготино и во следниот период редовно 24 водоснабдување.
На трибината говореше и претседателот на УМС Владимир Нелоски кој ги истакна бројните проекти кои тие ги имаат реализирано за младите, како и државниот советник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Ивановски кој истакна дека земјоделството е еден од најголемите приоритети на Владата кој уште од првиот ден на функционирање преку конкретни проекти работи кон подобрување на живеењето и работењето на земјоделците.