Вкупно 33 253 000 евра годинава се обезбедени за субвенции на рурален развој.
Вкупно 33 253 000 евра годинава се обезбедени за субвенции на рурален развој. Овие пари се поделени во две категории, во првата се одвоени дури 31 400 000 евра кои се наменети за субвенции,обука, информирање на земјоделците, помож за млади земјоделци, инвестиции за модернизација на земјоделското производство, особено органското производство и така натаму.
Парите од мерките за инвестиции за модернизирање на земјоделските стопанства во Македонија се распоредени како неповратна финансиска подршка односно инвестиции за следните намени: за набавка на добиток одвоени се 243 000 евра, за набавка на пчелни матици 8 130 евра, она што е интересно за земјоделците од Тиуквешијата за подигање на лозови и овошни насади и медоносна флора 317 000 евра, за набавка на опрема за системи капка по капка за пченка,сончоглед, фуражни култури и бунари за наводнување вкупно 243 000 евра и набавка за земјоделска механизација за житни и индустриски култури одвоени се 180 000 евра. Средствата од мерките за инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството се наменети за одржување на каналската мрежа,за одводнување и наводнување на земјоделското земјиште, инвестиции за поставување на громобранска заштита во бачилата.Во овој период земјоделците ги очекуваат упатствата за кредитирање од ИПАРД 2 програмата во кои се очекува дека земјоделците нќе добијат 50% средства за инвестициите во своите земјоделски стопанства или за набавка на земјоделскта механизација и системи капка по капка за да не мораата кредитно да се задолжуваат бидејќи голем дел од земјоделските производи одминатогодишната реколта сеуште не им се исплатени.