ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ВО 2016 ГОДИНА ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА СЦЕНАТА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ ВО КАВАДАРЦИ

ВО 2016 ГОДИНА ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА СЦЕНАТА НА ДОМОТ НА КУЛТУРАТА ИВАН МАЗОВ КЛИМЕ ВО КАВАДАРЦИ


Додадено на 01-02-2016 во КАВАДАРЦИ

Една од најважните инвестиции кои ќе бидат реализирани во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци  согласно програмата за работа  за 2016 година секако дека е  реконструкцијата на внатрешниот дел на  сцената како и просториите во склоп на театарот кои во изминативе 60 години не претрпеле позначаjни доуредувања и доградби. Целата оваа реконструкција е со цел да се подобри работата на театарската  дејност,  а вработените полесно и во соодветни услови ги реализираат театарските претстави но и сите музичко сценски настани кои воглавном се одржуваат на единствената сцена во градот.

Вкупните потребни средства за реализација на овој проект изнесуваат 1 794 000 денари. Со цел да се зголеми капацитетот на големата сала при  Домот на културата се планира доизградба на две ложи од страните со што се смета да салата ќе се разубави . Значајно е да се спомене дека Зградата на Домот на културата е изградена во 1953 година и досега освен мали преправки не е обновена. Согласно програмата за работа за 2016 година предвидена е целосна  реконструкција на фасадата со нови гранитни плочки со цел самиот објект да добие нов поубав изглед и се вклопи во целокупната  реконструкција на плоштадот во центарот на Кавадарци. Во склоп на Домот на културата во задниот дел во дворот се наоѓа летната бавча која во минатото  особено во летниот период се користеше за концерти, театарски претстави, кино проекции  и други настани од културата. Овој простор годинава се планира  целосно да биде реконструиран а просторот да се претвори во полуанфитеатрална сцена каде би се изведувале театарски претстави, концерти и филмски проекции  со еден збор убаво катче наменето за младите. За сите субјекти кои го сочинуваат културниот живот на градот оваа голема реконструкција на единствцената сцена во Кавадарци ина целата зграда на Домот на културата заедно со задниот двор значи многу и е за поздравување. Освен што ќе го подобри квалитетот на културните настани оваа реконструкција ќе овозможи многу , многу подобри услови за работа на сите културни работници и целиот персонал кој нераскинливо е поврзан со реализацијата на културните случувања во градот.