ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ ПО РЕД МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ОДБОЈКА

ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ ПО РЕД МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ОДБОЈКА


Додадено на 08-02-2016 во НЕГОТИНО

Викендов во спортската сала на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ во општина Неготино се одржа вториот по ред хуманитарен турнир во обојка. И годинава турнирот беше поддржан од општина Неготино и подрачната единица на Министерството за труд и социјална политика. На овој турнир учество земаа 11 екипи од општина Неготино. По одиграните меѓусебни натпревари третото место го освои екипата „ Ел Чапо и компанијата “, второто место им припадна на екипата „ Ресторан Балкански “ а првото место му припадна на победниците на минатогодишниот турнир екипата „ Офсајд “. Како и манатогодишниот, така и овој турнир беше посетен од бројни граѓани кои дојдоа уживаа во натпреварите, а воедно и ја покажаа хуманоста. Покрај спортските натпревари турнирот беше збогатен и со културно-уметничка програма. организаторот за најдобрите одбојкари и годинава обезбеди благодарници за учество на турнирот.

„ Сите во еден ритам и годинава ја покажавме нашата хуманост. Собраните средства од турнирот  се наменети за социјално загрозените семејства од општина Неготино. Овие два дена беа убави и незаборавни, а нашата дружба ја исполни салата со љубов и човечност. .Успешниот прв турнир кој се случи февруари минатата година и на кој ја покажавме нашата хуманост како млади луѓе, не натера и оваа година да ја продолжиме традицијата но овој пат помасовно и поуспешно.  Направиме убави моменти за паметење и преку игра и забава уште еднаш да докажавме колку нашиот град знае да биде хуман. Се надеваме дека овој мал турнир ќе остане како една традиција долги години понатаму – вели организаторот Димитар Аврамов.