ПОЧЕТНА » СПОРТ » ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ ПО РЕД ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО РАКОМЕТ ЗА МЛАДИНСКИ ЕКИПИ ГЕНЕРАЦИЈА ДО 1999 ГОДИНА

ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ ПО РЕД ТРАДИЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО РАКОМЕТ ЗА МЛАДИНСКИ ЕКИПИ ГЕНЕРАЦИЈА ДО 1999 ГОДИНА


Додадено на 23-12-2014 во СПОРТ

Во организација на ракометниот клуб „ Вардар Неготино “ а со финансиска поддршка од општина Неготино, во саботата во спортската сала на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ се одржа вториот по ред традиционален турнир во ракомет за младински екипи – генерација до 1999 година. На овој турнир учество земаа 6 екипи од кои 4 екипи во машка конкуренција и две екипи во женска конкуренција. 

Во полуфиналето РК „ Вардар-Неготино “ со резултат од 21:12 го совлада РК “Торо-Спорт” од  Виница додека пак РК “Вардар-Бисинов” од Велес го совлада - РК “Валандово” со резултат од 22 :20. Во мечот за трето место помеѓу  РК “Валандово” - РК “Торо-Спорт” по одиграните пенали со еден гол разлика победи екипата на РК “Валандово” и го освои третото место на овој турнир. Во финалето силите ги одмерија домаќинот РК “Вардар-Неготино”  и РК “Вардар-Бисинов” од Велес, каде домаќинот со осум гола разлика го совлада својот противник и го осои првото место на турнирот. Во женска конкуренција во единствениот натпревар кој што се одигра во оваа конкуренција екипата на РКЖ “Вардар – Неготино” ја совлада екипата на ЖРК “Торо – Спорт” од Виница со резултат од 14:13. За најдобар стрелец на турнирот беше прогласен централниот бек на екипата на РК “Вардар-Неготино”, Драган Кузманов. Инаку, овој турнир се одржува во рамки на програмата на општина Неготино за поттикнување, поддршка и развој на младинскиот спорт во општината заедно во коорганизација со РК „ Вардар-Неготино “, а за најдобрите екипи и поединци на турнирот општина Неготино обезбеди дипломи и пехари, додека на останатите учесници им беа доделени благодарници за учество.