ВО НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА ДЕБАТЕН ТУРНИР НЕГОТИНИЈАДА 2
Изминатиот викенд во ООУ „ Страшо Пинџур “ во Неготино по втор пат се одржа Локален дебатен турнир Неготинијада 2 на кој учество земаа 18 дебатери поделени по тројца во шест тимови. Дебатниот Клуб е дел од мрежата на Дебатните Клубови на Младински Образовен Форум постои и функционира веќе подолго во организација Центар за Регионален Одржлив Развој – ЦРОР. Младите дебатери од Неготино составија апликација за настан која ја доставија до МОФ од каде добија одредени средства за целосна организација на овој настан. Инаку, турнирот беше под целосна инцијатива на координаторот на Дебатен Клуб, Емилија Андонова и предавачот на дебата Стефан Андонов, а како координатор на овој проект се јави Стефан Ристовски кој е асистент во дебатен клуб.
Низ целиот процес активно беа вклучени 6 судии (Емилија Андонова - координатор Дебатен Клуб, Стефан Андонов - предавач на Дебата, Стефан Ристовски и Томислав Насков - асистенти на дебата, Димитри Самандов и Јане Степанов искусни дебатери на локални, регионални и почетнички турнири), 6 волонтерки (Диана Џорова, Надица Атанасовска, Цветанка Маркова, Тиана Ефремова, Кристина Николова, Бојана Алтанџиева), а темите на кои се дебатираше беа:
Овој Дом верува дека тортурата е оправдана во одредени случаеви и Овој Дом верува дека интернетот носи повеќе лошо од добро.
Од ЦРОР Неготино се заблагодаруваат на директорката на ООУ „Страшо Пинџур" од Неготино Марина Димова за одвоениот простор за одржување на овој турнир и целосната поддршка во целиот процес, како и на градоначалникот Ванчо Апостолов за укажаната поддршка и обезбедените награди (медали и сертификати) за најдобрите индивидуални говорници и тимови, а воедно и сертификати за учество на сите кои учествуваа во овој турнир. Финалето од овој турнир ќе се одржи во четврток 12 март во големата сала на општина Неготино и ќе биде од отворен карактер во вид на јавна дебата, а по завршувањето ќе бидат прогласени победниците на овој турнир и наградени најдобрите говорници.
Зголемениот број на младите лица во Дебатниот Клуб во Неготино покажува дека на дебатерите им треба место и простор за покажување на научените техники во дебатирање како и споделување на сето научено преку годината со останатите млади лица во општина Неготино. Иако преку текот на годината има простор за дебатери на Почетнички и Национален турнир сепак не секогаш е дозволено сите дебатери да пробаат да дебатираат и да ги искажат своите вештини, токму затоа сметаме дека овој турнир е место за младите од овој клуб од Неготино за проба за своите вештини како и потреба за младите за зацврстување на своето знаење во дебата- велат од ЦРОР во Неготино.