ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ВО НЕДЕЛА ВО МАНАСТИРОТ СВЕТИ ЃОРЃИ ЌЕ ЧИНОНАЧАЛСТВУВА МИТРОПОЛИТОТ АГАТАНГЕЛ

ВО НЕДЕЛА ВО МАНАСТИРОТ СВЕТИ ЃОРЃИ ЌЕ ЧИНОНАЧАЛСТВУВА МИТРОПОЛИТОТ АГАТАНГЕЛ


Додадено на 14-04-2016 во НЕГОТИНО

Одговорните од Македонската православна црква „Свети Атанасиј“ од Неготино ги информираат сите благочестиви христијани од општина Неготино дека во недела на 17-ти април Светата Македонска православна црква ја празнува Неделата на светата Марија Египетска. Во Неготино чествувањето ќе се одржи во просториите на манастирот „Свети Ѓорѓи“ со служење на света божествена Василиена литургија со која ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство Митрополитот Повардарски господин Агатангел во сослужение со на повеќе свештенослужители. Според најавите, се очекува митрополитот Агатангел во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во недела да пристигне во 08,15 часот, а по тој повод се покануваат сите заинтересирани православни верници кои се во можност да дојдат и присуствуваат на Богослужбата и да земат учество во литургијата.