ПОЧЕТНА » ИНФО » Во недела почнува зимското сметање на времето

Во недела почнува зимското сметање на времето


Додадено на 21-10-2013 во ИНФО

 

 

Ноќта помеѓу самота и недела завршува летното сметање на времето. Ова значи дека во недела по полноќ , односно на 27-ми, часовниците ќе ги вратиме за еден час назад. Така, наместо три по полноќ, часовникот треба да покажува, два часот.

 

Според легендата, летното сметање на времето го „измислил“ англичанецот Вилијам Вилет во 1905 година  додека јавал на коњ едно прекрасно летно утро пред доручекот. Тој бил воодушевен од убавината на утрото и помислил дека е штета што поголемиот дел од лондончаните спијат во најубавото време од денот. Две години подоцна тој го објавил својот предлог, но идејата била прифатена за првпат во Британија дури во 1916.

 

Во Македонија, како дел од СФРЈ, промената во сметање на времето се користи од 1983 година, а од 1996-та е регулирано со Закон за сметање на времето.

 

Зимското сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во март 2014 година.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

 

Елена Данова