ВО НЕДЕЛА ЦРКВАТА СВЕТИ АТАНАСИЈ ЌЕ ГО ПРАЗНУВА СПОМЕНОТ НА СВЕТИОТ АТАНАСИЈ ВЕЛИКИ
Православната црква Свети Атанасиј од Неготино во недела на 31 јануари ќе го празнува споменот на Светиот Атанасиј Велики.
По тој повод, одговорните во Македонската православна црква „Св. Атанасиј“ ги информираат сите христијани од општина Неготино дека во недела во манастирот Свети Ѓорѓи ( бидејќи црквата е се уште во фаза на реновирање ) ќе се отслужи Света Божествена Литургија со која ќе чиноначалствува неговото Високопреосвештенство Митрополитот Аганатангел во сослужение на повеќе свештенослужители. Пристигнувањето на Архиерејот е закажано за во 08,15 часот по што ќе започне богослужбата, на која одговорните од МПЦ „ Св. Атанасиј “ од Неготино ги покануваат сите православни верници да повелат во манастирот Свети Ѓорѓи, да ја проследат Богослужбата и да земат учество во литургијата.