Во полициска акција уапсени обвинител судија адвокати
Рано утрово во полициска акција уапсени се јавен обвинител во основното обвинителство во Велес, судија во судот, поранешен судија на овој суд а сега адвокат и неколкумина адвокати во најмалку два кривични предмети, познатиот предмет со Убиството на старецот во село Ореше и со т.н Франкфуртска мафија.
Меѓу уапсените се и поранешен судија на Врховниот суд на Мaкедонија, новинар од Скопје вработен во еден од дневните весници во Скопје и член на скопското подземје од Лисиче против кого досега се водеа повеке судски постапки.
Според информации на Дума.мк станува збор за налог за апсење што го издала обвинителката Лиле Стефанова од Обвинителството за организиран криминал во Скопје. Во текот на последниот месец обвинителката од Организиран криминал неколку пати била во велешкиот суд, ги разгледувале предметите , зела доставници од истите и друг доказен материјал.
Приведените веке се во Основен суд Скопје 1 каде чекаат да бидат распрашани од истажен судија Татјана Михајловска.
извор: Дума.мк