ПОЧЕТНА » Земјоделие » ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО КАВАДАРЦИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ „ЗЛАТНА МАТИЦА“ КОЕ Е ОТВОРЕНО И ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЧЕЛАРИ ОД ТИКВЕШИЈАТА

ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО КАВАДАРЦИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ „ЗЛАТНА МАТИЦА“ КОЕ Е ОТВОРЕНО И ЗА ОСТАНАТИТЕ ПЧЕЛАРИ ОД ТИКВЕШИЈАТА


Додадено на 29-01-2016 во Земјоделие

Генерална оценка во Тиквешијата е дека кај пчеларите не е констатирана  загуба кај пчелните семејства за разлика од минатите години. Според календарот за пчеларење  во овој период пчеларите потребно е да прават брз преглед  и да ја констатираат потребата од храна во пчелните семејства за да можат каде има потреба да додадат храна осносно медни погачи.

Сегашната состојба  кај повеќе од 300 регистрирани пчелари во Кавадарци  наговестува дека ќе имаме добра година во пчеларството. Во насока на подобрување на производството и профитабилноста во пчеларството  Здружението на пчелари во Кавадарци „Златна матица“ за понеделник 1. февруари со почеток во 18 часот  во големата сала на општинскотом с собрание организира предавање за своите членови кое е отворено и за сите останати пчелари од Тиквешијата. Како предавач на оваа предавањ е поканет професорот Ѓоко Зечевиќ од Република Србија кој е искусен пчелар и стручњак во оваа област  и досега има реализирано бројни едукативни предавања во повеќе градови во Македонија.  Со ова предавање  ќе им се овозможи на нашите пчелари да се здобијат со нови информации и сознанија од областа на технологијата на пчеларењето кои ќе можат да ги применат во сопствените пчеларници- вели претседателот на здружението  „Златна матица“ Горан Колев.

Тој смета дека  се големи перспективите во пчеларството  особено сега кога медот заради слабата продукција во изминатите неколку години  се продава по повисоки цени. Во Кавадарци се продава по цена од 300 и 350 денари за килограм, во Струмица по цена од 400до 450 денари а најскап е во Гостивар и Дебар каде се продава по цена од 600 денари. Македонскиот мед  се бара  што се потврдува со податокот дека неколку фирми  откупуваат мед на големо по цена од 230 до 250 денари  и го извезуваат надвор од државата