ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ВО ПОСЕТА НА ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО БЕА ПАРТНЕР УЧИЛИШТАТА ОД ЦРНА ГОРА И СЛОВЕНИЈА ВО РАМКИ НА НАГРАДЕНИОТ ПРОЕКТ НА АКДЕМИЈАТА НА ЦЕНТРАЛНО-ЕВРОПСКИ УЧИЛИШТА

ВО ПОСЕТА НА ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НЕГОТИНО БЕА ПАРТНЕР УЧИЛИШТАТА ОД ЦРНА ГОРА И СЛОВЕНИЈА ВО РАМКИ НА НАГРАДЕНИОТ ПРОЕКТ НА АКДЕМИЈАТА НА ЦЕНТРАЛНО-ЕВРОПСКИ УЧИЛИШТА


Додадено на 26-05-2016 во НЕГОТИНО

Во рамки на наградениот проект на Академијата на централни-европски училишта насловен „ Солидарност “ изминатиот период во посета на општина Неготино и училиштето домаќин ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино престојуваа ученици од партнер училиштата во проектот „ Павле Ровински “ од Подгорица, Црна Гора и „ Смартно “ Похорје, Словенија. Преку „ културната кутија“ учениците-гости се запознаа со некои занимливости карактеристични за Република Македонија, а како една од активностите беше заедничката посета на Меморијалниот центар „Тоше Проевски“ во Крушево каде сите посетители имаа можност да го почуствуваат хуманитарниот дух и да се запознаат со мисијата на македонската поп-икона Тоше чија мисија беше да се потсетат младите генерации на најголемите вредности во животот-семејството, религијата, хуманоста и пријателството. Покрај прекуграничната соработка и културното запознавање најголема и непроценлива вредност на овој проект е градењето на подобар свет, а неговите жители да станат подобри и почовечни. Следната фаза од проектот ќе се одржи во Сенец во Словачка каде што ќе бидат презентирани сите наградени проекти.

Инаку, Академијата на Централно Европски училишта АЦЕС  изминатата година го отвори циклусот на натпреварувања за прекугранични училишни проекти и размена на ученици. На тема „ Солидарност “ ООУ „ Гоце Делчев “ од Неготино го изработи овој со училишта од Подгорица, Црна Гора и Похорје , Словенија кој беше награден во конкуренција од 265 проекти и 600 училишта на ниво на централна и југоисточна Европа. Неготинското училиште со заедничка соработка со двете училишта од Црна Гора и Словенија го изработија проектот кој го насловија „ When me becomes We “ во контекст на зададената тема на конкурсот Солидарност. Од училиптето велат дека проектот е почеток на една меѓународна соработка, пратнерство, иновативно учење, европска интеграција и промоција на човековите вредности. Споделување на искуства, дружење и нови познанства кои го прошируваат видикот за поуспешни кариери.