ВО ПОСЕТА НА РОСОМАН БЕШЕ ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО ВАНЧО КОСТАДИНОВ
Синоќа во просториите на општина Росоман се одржа трибина на која говореше заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадинов. на оваа трибина заменик министерот Костадинов пред присутните земјоделци и останати граѓани на општина Росоман ги презентираше досегашните инвестиции во Росоман и одличната соработка со општината и градоначалнкот Лазов. Заменик- министерот Костадинов пред присутните го истакна и фактот дека како општина во која поголемиот дел од граѓаните се занимаваат со земјоделие до сега исплатени над 3 милиони евра субвенции, а за изградба на тротоарите во 2013 година обезбедени биле финансиски средства во висина од 5 милиони денари. На средба беше истакнато дека и годинава ќе се изработуваат урбанистички планови во вредност од 4 милиони евра. На оваа трибина беа присутни и претставници на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Кавадарци, а присутните имаа можност да ги слушнат досегашните спроведени но и идни планови кои ќе се реализираат во општина Росоман.