ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ВО САБОТА ТРИБИНА НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ВО НЕГОТИНО

ВО САБОТА ТРИБИНА НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ВО НЕГОТИНО


Додадено на 19-02-2016 во НЕГОТИНО

Во организација на општинската организација на Демократски сојуз – Неготино во сабота 20 февруари со почеток од 19 часот во Центарот за култура „ Ацо Ѓорчев “ Неготино ќе се одржи трибина насловена  „Промени, правда, прогрес“ на Демократскиот сојуз.

„ Со оглед на последните случувања во  регионот, а посебно во  Република  Македонија, и најавените претстојни парламентарни избори, граѓаните на општина Неготино во сабота на 20 февруари ќе имаат можност да присуствуваат на  настан на кој се очекува да се појаснат  случувањата и да се понудат реални и практични решенија во интерес на Република Македонија и нејзините граѓани. Демократскиот сојуз,  како  сериозен и  одговорен политички субјект ја чувствува загриженоста на граѓаните во Република  Македонија и општина Неготино, за својата иднина, иднината на идните поколенија  и иднината  на државата. Со најголема почит кон граѓаните, Демократскиот сојуз на претстојните парламентарни избори ќе настапи самостојно и со своја  автентична изборна програма, програма која е реална, практична, програма во која со одобрување на граѓаните се подржуваат досегашните   издржани проекти, а неиздржаните ќе се заменат со нови согласно  потребите на  граѓаните “ – вели претседателот на општинската организација на Демократскиот сојуз од Неготино, Ванчо Петров. 

На трибината  свое излагање ќе има лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов. од Демократскиот сојуз ги покануваат граѓаните на општина Неготино и пошироко, на присуство  и  учество на  трибината.