ПОЧЕТНА » Здравје » ВОДА СО ЛИМОН

ВОДА СО ЛИМОН


Додадено на 10-03-2016 во Здравје
Водата со лимон моментално е најпопуларниот начин за започнување на денот за многумина, но се чини дека малку претеравме со овој тренд без да обрнеме внимание на одредени негативни ефекти.

 Иако лимоновиот сок ни обезбедува солидна доза на антиоксиданси и витамин Ц, само топлата вода со лимон нема да ни помогне да ослабеме. Притоа, на располагање имаме многу малку докази кои укажуваат на тоа дека таа го подобрува варењето и го чисти телото од отрови – без оглед на бројните пофалби кои ги упатуваат славните личности. И не само тоа, топлата вода со лимон може да доведе до некои прилично непријатни споредни појави ако претераме со нејзино конзумирање.

Бидејќи ова овошје е едно од најкиселите, ако претераме со неговата конзумација киселината може да доведе до оштетување на глеѓта на забите. Без плакнење на устата со вода, киселината може да остане на нашите заби и да направи повеќе штета отколку корист. Повеќето луѓе треба да пијат една до две шолји од овој пијалок. Јасно е дека не мостои семоќен магичен пијалок кој ќе ни помогне да ослабеме, но постојат одредени опции кои заедно со здравиот начин на живот можат да ни помогнат да дојдеме до посакуваната цел, а ова се дефинитивно пијалоци кои би требало почесто да ги пиете.