Водата да се преврива
Обилните врнежи од дожд ја заматија водата за пиење од водоводниот систем Лукар.
Водата во чешмите е со кафено-жолта боја. Состојбата се следи од центарот за јавно здравје Кавадарци. Утринава биле земени мостри на вода, а резултатите од испитувањето ќе бидат познати во среда. Дотогаш водата за пиење мора да се проврива.
“Резидуалниот хлор кој е показател за дезинфекција на водата не е присутен па во соработка со одговорните од ЈП Комуналец извршивме дополнително дозирање со хлор во хлораторскатастаница. Бидејќи и понатаму се очекуваат интензивни врнежи од дож вклучивме и рачно хлорирање со течен хлор“ рече во д-р Трајче Ризов специјалист по хигиена.