ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО Е ИСПРАВНА ЗА ПИЕЊЕ
Водата за пиење од неготинскиот водовод која доаѓа до чешмите на домаќинствата е сосема исправна и нема воопшто никаква потреба граѓаните да се изложуваат на дополнителни трошоци и да купуваат вода за пиење-децидни се одговорните во Јавното претпријатие „Комуналец. Тие велат дека во моментов и граѓаните на Неготино и жителите на селата во нашата општина пијат исправна вода која редовно се хлорира, се испитува од страна на Центарот за Јавно здравје и не е забележана било каква неисправност на истата. Од Комуналец се зачудени од појавата на (дез)информаците дека наводно водата е загадена и не смее да се пие. Напротив, велат од неготинското комунално претпријатие, и во Неготино и во селата во општината водата е 100 отсто исправна за пиење.