ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ВОДИЦИ ВО ТИКВЕШИЈАТА

ВОДИЦИ ВО ТИКВЕШИЈАТА


Додадено на 19-01-2016 во КАВАДАРЦИ

Шеснаесетгодишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци го фати светиот крст фрлен во водите на реката Луда Мара, по повод денешниот празник Богојавление-Водици.

– Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече Ѓорѓиев во изјава за медиумите.

Од името на Локалната самоуправа, денешниот празник на сите граѓани им го честита секретарот на општината, Кире Делов.

– Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе, нагласи   Делов.

Во студените води на реката по крстот скокнаа  девет лица. Најсреќниот доби телевизор од локалната самоуправа.

Деветнаесетгодишниот Никола Ристов од Кавадарци го фати осветениот крст фрлен во водите на Тиквешкото Езеро, во рамките на традицијата која секоја година ја организира кавадарчанецот Ангел Крстев Луле, по повод празникот Богојавление – Водици.

– Остануваме верни на традицијата и секоја година го организираме настанот кој е посетен од домашни и странски гости, рече Крстев во изјава за медиумите.

По Светиот крст во студените води на езерото се фрлија четири лица. Најсреќниот доби микробранова печка од кумот на манифестацијата,  кој се избира секоја година.