ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО. ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Од 09:00 до 16:00 часот патот повремено се затвора за сообраќај. Поради тоа, сите кои ќе патуваат кон Маврово ќе треба да го користат другиот патен правец преку Леуново и Никифорово.Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од З.П. Кула - до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.На патниот правец А1 Гевгелија-Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до село Лозово,
и од село Лозово преку село Сарамзалино до клучка Кадрифаково. Учесниците во сообраќајот треба да се придржувааат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.