ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Време за викендот

Време за викендот


Додадено на 01-03-2013 во МАКЕДОНИЈА

Времето утре во Македонија ќе биде претежно сончево, потопло, со мала до умерена облачност.

Утринската температура ќе се движи од минус четири и два, а дневната од девет до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во Сабота повторно се очекува зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и услови за слаби локални врнежи од дожд во јужните и западните делови од земјава, а на планините слаб снег.

Во недела и во првите денови од наредната работна седмица времето ќе биде повторно стабилно и суво.