ПОЧЕТНА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА


Додадено на 22-02-2016 во ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Во Македонија денеска не очекува пролетен ден. Ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност во доцните попладневни часови. Ќе дува до умерен слаб јужен и југозападен ветер.Температурите ќе бидат во пораст, па утринските ќе се движат од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 14 односно до 22 степени, невообичено високи за овој период од годината.

Утре претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со слаби врнежи од дожд. Максималните температури од 15 до 23 степени. Врнежите ќе продолжат и во среда во претпладневните часови, а попладне постепено ќе престануваат. Дневните темепратури од 10 до 18 степени

ПОЧЕТНА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА


Додадено на 27-02-2015 во ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Македонија во петок ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која што ќе услови врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег. Врнежите ќе бидат проследени со засилен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 20 км/ч.



Ќе дува засилен северен и североисточен ветер, а во источните и југоисточните предели ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринските температури од 0 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.Првиот ден од викендот ќе ни донесе претежно облачно време со услови за слаби локални врнеж од дожд и релативно топло време. Утринските температури од 0 до 8 степени, а максималните дневни ќе се движат од 6 до 13 степени.  Во недела ќе биде претежно облачно и суво. Утринските температури како и во сабота од 0 до 8 степени, а дневните температури до 7 односно до 14 степени. 

Weather4all.com.mk

ПОЧЕТНА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА


Додадено на 12-02-2015 во ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Ледено утро во Македонија, со утрински температури кои што ќе се движат од -11 до -2 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до -1 односно до 9 степени. 
 Во Скопје во четврток по леденото утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -6 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 5 степени.


Weather4all.com.mk

 

 

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА


Додадено на 22-01-2015 во МАКЕДОНИЈА

Во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Минималните температури од 0 до 7 степени, а максималните температури ќе достигнат до 6 односно до 14 степени. 

 

Во петок во Македонија ќе биде облачно со поинтензивни врнежи од дожд. Локално се очекуваат да наврнат и до 30 литри дожд. На планините над 1400 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен источен и североисточен ветер. Утринските температури од 2 до 9 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5 односно до 13 степени. 

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА


Додадено на 24-12-2014 во МАКЕДОНИЈА

Денес во Македонија ќе имаме  по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и ветровито. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 20км/ч. Утринските температури од -3°C до 3°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8°C односно до 14°C. 

Во вечерните часови ќе има појава на магла, а понекаде видливоста ќе биде помала од 100 метри.

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА


Додадено на 11-12-2014 во МАКЕДОНИЈА

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со услови за појава на магла. Во јужните и во југоисточните делови од земјата во пoпладневните часови ќе има и услови за појава на локален дожд, а на високите планини слаб снег. Ќе дува слаб ветер. Температурата ќе се движи од пет до девет степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе дува слаб променлив ветер. Температура ќе достигне до осум степени. Во текот на денот се уште ќе има услови за појава на слаб дожд во јужните делови од земјата, а од утре до понеделник ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Дневните температури благо ќе се покачуваат до викендот.

 

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА


Додадено на 13-11-2014 во МАКЕДОНИЈА

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 13 до 17 степени. Во Скопје претежно облачно со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 15 степени. Утре се уште ќе има повремени локални врнежи од дожд, повеќе во јужните делови од земјава и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат пониски и ќе се движат од 11 до 17 степени. Потоа повторно ќе преовладува стабилно време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

 

ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Временска прогноза

Временска прогноза


Додадено на 06-03-2013 во МАКЕДОНИЈА

 

Времето во Македонија ќе биде стабилно и суво, но и умерено до значително облачно. Ќе дува умерен на моменти и засилен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален дожд со слаб до умерен интензитет најпрвин во западните и југозападните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

До недела следува променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен јужен ветер што ќе придонесе за значителен пораст на дневната температура која во недела ќе се движи од 14 до 19 степени.