Додадено на 28-01-2015 во
МАКЕДОНИЈА
Денеска е среда, 28 јануари, 28-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 337 дена.
Денот трае девет часа и 51 минути.
Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 51 минути, а заоѓа во 16 часот и 42 минути.
Месечината изгрева во еден часот и две минути и повторно изгрева во 11 часот и 35 минути.
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Преку денот ќе има услови за проврнување на дожд и снег на пониските и на повисоките места, а на планините врнежите претежно ќе бидат од снег.
Утринската температура ќе се движи од минус седум до два, а дневната од два до седум степени.
Во Скопје ќе биде облачно со услови за провејување слаб дожд и снег, особено во вечерните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до четири степени.
Додадено на 20-01-2015 во
МАКЕДОНИЈА
Претежно облачно, претпладне со магла по котлините. Во западните делови ќе има повремени локални слаби врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени.
Во Скопје: претежно облачно, претпладне со слаба магла. Преку денот ќе има услови за повремен слаб дожд и ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.
Додадено на 17-01-2015 во
МАКЕДОНИЈА
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладнево по одделни котлини ќе има магла и ниска облачност која во текот на денот ќе се растура. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се движи од 4 до 14 степени.
Во Скопје: претпладне умерено облачно со слаба магла, попладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Од недела попладне ќе настапи промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, на планините со повремен локален снег. Врнежите ќе бидат со слаб , а повремено на места ќе имаат умерен интензитет.
Додадено на 25-12-2014 во
МАКЕДОНИЈА
Денеска имавме по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Понекаде маглата ќе се задржи и претпладне. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер. Утринските температури од -4°C до 2°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 7°C до 13°C. Во вечерните часови ќе има појава на магла, а понекаде видливоста ќе биде помала од 100 метри.
Додадено на 08-12-2014 во
МАКЕДОНИЈА
Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Претпладне продор на влажна воздушна маса од југ која прво ќе услови врнежи од дожд во јужните предели кои во попладневните часови ќе се прошират и во останатите делови од Македонија. На планините над 1000 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 1°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 6°C односно до 14°C. Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, која ќе се заржи и претпладне. Попладне и во вечерните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со услови за слаб дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 7°C, а максималната дневна до 11°C.