ВТОРО МЕСТО ЗА ПИНГПОНГАРСКИОТ КЛУБ ГРАДБА ПРОМЕТ КАВАДАРЦИ НА 24 ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ КОЕ СЕ ОДРЖА ВО КРИВА ПАЛАНКА
Во неделата на 13 декември во Крива Паланка се одржа 24 државно екипно првенство во пинг понг. На ова првенство учество зема и екипата на Пингпонгарскиот клуб „ Градба Промет “ од Кавадарци во состав Марија Јованова, Добринка Сотирова и Марија Димова кој го освои второто место. Со резултат од 3 : 0 кавадарчани ги совладаа екипите на Струмица и Рисови од Скиопје, а во натпреварот со Куманово кавадарчани победија со резултат од 3: 2. Финалето кавадарчани го одиграа со домаќините од Крива Паланка, во која загубија со резултат од 3:2. Најубедлива на целото првенство била кавадарчанката Марија Јованова без ниту еден пораз. Во првата лига од есенскиот дел пингпонгарскиот клуб „ Градба Промет “ од Кавадарци заврши на третата позиција, а следниот дел од натпреварувањата започнуваат на 12 март следната година.