Газираните пијалаци не поправаат !
Газираните пијалаци никако не се нешто што би ви го препорачал лекарот да го пиете, а сега е откриено и дека постои оправдана причина да ја прекините таа навика. Жените кои секојдневно пијат газирани пијалаци се во опасност да добијат мозочен удар, покажаа истражувањата. Секојдневното консумирање на овој пијалак кај жените за 80 отсто ја зголемува шансата за создавање на крвни згрутчувања во мозокот, велат јапонските научници од Универзитетот во Осака.
Во истражувањето учествувале 40.000 лица кои биле набљудувани во текот на 18 години. Возраста на волонтерите била од 40 до 59 години. Во текот на истражувањето околу 2.000 учесници добиле мозочен удар. Резултатите покажале дека жените кои секојдневно пијат барем по една чаша слатки газирани пијалаци, имаат 83 отсто поголема веројатност да добијат мозочен удар.
Од друга страна, кај мажите постои благ ризик да го имаат истиот здравствен проблем. Ова истражување кое го спроведоа на Универзитетот во Осака, делумично го потврди американското истражување објавено во почетокот на оваа година, а во кое се тврди дека многу засладените пијалаци можат да доведат до мозочен удар кај двата пола, пренесуваат британските медиуми.
Од претходно е познато дека бројните истражувања покажаа дека претерувањето со консумирањето на газираните пијалаци доведува до дебелеење и дијабетес тип два.