ГИМНАЗИЈАТА ДОБРИ ДАСКАЛОВ КАВАДАРЦИ ГО ОЗНАЧИ СТАРТОТ ЗА ПРОЛЕТНОТО КРВОДАРУВАЊЕ НИЗ СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАВАДАРЦИ
Гимназијата Добри Даскалов Кавадарци денеска го означи стартот на пролетното кводарување низ средните училишта во Кавадарци. Акцијата е во рамки со годишниот календар на црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина Скопје кој се грижи за успешна релизација. Доброволно денеска крв даруваа средношколците од трета и четврта година во периодот од 9 до 14 часот, но само оние кој ги исполнуваат правилата согласно законот за дарување крв.
Полни осумнаесет години или неколку месеци пред полнолетство но со согласност од родител или старател. Нормално и денеска покрај исполнувањето на овој услов се проверуваше и здравствената состојба на дарителите во случајот средношколците. Нивната телесна тежина, крвниот притисок, нивотот на хемоглобин во крвта. Секој средношколец задолжително го потполни и прашалникот во кој се кријат одговорите за повеќе значајни сегменти од животот на дарителот и здравствената состојба во однос на примени терапии, трансфузија на крв, операции, сексуална активност, начин на исхрана и слично. Пролетните акции низ средните училишта во Македонија се традиционални и се извршуваат во почетокот на месец март. Денеска хуманоста ја покажаа гимназијалците, а утре можност да даруваат ќе имаат учениците од СОУ Ќиро Спанџов Брко. Акцијата и таму ќе биде во истиот период од 9 до 14 часот, а во понеделник пролетното дарување низ средните училишта во Кавадарци завршува со акцијата во СОЗШУ Ѓорче Петров. Два пати во годината оние средношколци кој ги исполнуваат условите имаат можност за дарување. По дарувањето во пролет за нив следува пауза до стартот на есента или следната учебна година кога почнува есенската акција за доброволно крводарување. Од црвениот крст очекуваат кавадаречките средношколци и годинава да го задржат врвот кога е во прашање хуманоста и крводарувањето на младите во Македонија.