ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ООМУ ВЛАДИМИР АРСОВСКИ НЕГОТИНО

ГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ООМУ ВЛАДИМИР АРСОВСКИ НЕГОТИНО


Додадено на 08-06-2016 во НЕГОТИНО

И годинава пред крајот на учебната година, ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино го одржа својот годишен концерт. Имено, дваесет и двајца ученици на виолина, пијано и соло пеење синоќа во просториите на Музејот на град Неготино, се претставија со композиции од познатите композитори Шуман, Вебер, Русо, Бетовен, Росини и многу други. Прекрасна атмосфера, бројни аплаузи и насмевки на лицата на учениците кои успешно ја завршија оваа година. Задоволни од своите ученици беа и нивните наставници.

Директорката на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Менка Богоевска на сите ученици им честита за успешната година и им посака следната година да бидат уште поуспешни. Богоевска додаде дека им остануваат уште два натпревари со ученици по виолина и пијано во Гевгелија и Дојран во кои се надеваат дека достојно ќе го претстават училиштето но и општина Неготино.

Инаку, ООМУ „ Владимир Арсовски “ периодов ги објави и уписите за нови ученици во неготинскто музичко училиште. Сите заинтересирани подеталните информации околу уписите може да ги добијат секој работен ден од 10.00 - 15.00 часот во просториите на музичкото училиште.