ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ОДГЛЕДУВАЧИ НА БУША

ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО ОДГЛЕДУВАЧИ НА БУША


Додадено на 03-02-2016 во КАВАДАРЦИ

 Здружението на одгледувачи на  автохтоната раса говеда буша во Македонија  постои од 2011 година со седиште на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Моментно  се регистрирани 42 одгледувалишта на расата буша со повеќе од 700 грла на говеда во Македонија .

Значајно е тоа што од 2014 година  фармерите за грлата буша добиваат субвенции со цел да се поттикнат фармерите  да ја одгледуваат оваа раса на говеда која се смета дека претставува национално благо  за Македонија, многу е поотпорна на климатските услови на овие простори , отпорна на болести  и паразити со што се намалуваат трошоците за нејзино одгледување. Кавадарци вчера беше домаќин на годишното собрание на здружението  на кое беа  дефинирани неколку важни сегменти  околу членарината на здружението и начинот на функционирање во наредниот период. Собранието воедно беше можност да се сублимираат досегашните активности на здружението,  а од вчерашната посета на терен беше евидентирано и петото одгледувалиште на говеда буша во Тиквешијата ни открива професорот Ѓоко Буневски  од Факултетот за земјоделски науки и храна  кој е координатор за биодиверзитет  односно  биолошка разновидност во сточарството во Македонија .