Градоначалникот им даде отчет на кавадарчани
По 3 години и 8 месеци мандат, Александар Панов, поднесе отчет за извршувањето на највисоката функција во Општината-градоначалник. „Прифаќањето за високата фунција, не е нималку лесна одлука и беше голем предизвик за мене, подвлече Панов, имав многу замисли и идеи кои сакав да ги направам за својот град и граѓаните. Голем дел од ветеното раелизирав но има и многу проекти кои поради разни причини не успеав да ги остварам за добробит мојот град. Човек, секогаш може и подобро и повеќе, но јас со мојот тим , се надевам, успеав да го реализирам најнеопходното. Сепак граѓаните се тие кои на крајот ќе решат дали тоа успешно сум го направил“, рече првиот човек на градот.
Тој се заблагодари на општинската администрација која му помогнала во остварувањето на плановите како составен дел на многу проекти, потоа за работата на Советот како највисоко тело. Ја пофали опозицијата за конструктивноста во носењето на многу важни одлуки за градот,потоа медиумите електронските и печатените, особено двете телевизиски куќи преку кои транспарентно 24-часа беше следена работата на гардоначалникот Се заблагодари на семејството каде нашол разбирање за отсуството од дома,партија ВМРО-ДПМНЕ која го подржала и верувала во него исто така и до прмиерот Никола Груевски. Притоа истакна дека ги памети неговите зборови:„ Ова се вашите 5 минути, а од вас ќе зависи како ќе ги искористите и дали и како историјата ќе ве запамети“. Најмногу им заблагодари на граѓаните кои му го довериле својот глас, поради чии заеднички интереси се прифатил за највисоката функција во Општина Кавадарци.
Посебно ја истакна соработката со бизнис секторот и неговата посветеност на градење односисо тој најзначаен економски сегмент да развива исклучително плодна соработка создавајќи предуслови за негово успешно работење,а од нив како повраток Општината,очекува подмирување на нивните обврски, развивање на чуството за општествено одговорни фирми кои донираат во заедницата.
Презентирајќи ја пред присутните брошурата со наслов Отчет 2009-2012, како и програмата од 2009 со која влезе во кампањата за локалните избори, Панов направи паралела притоа подвлекувајќи дека фигуративно за периодот од неполни четири години само по еден клучен сегмент, а тоа е комуналната изградба успеал да реализира многу повеќе од тоа што го ветил. „Во кампањата 2009 ветив комунална изградба од три милиони евра,а во оваа брошура што ја имате во вашите раца, со збор и слика можете да видите дека многу пред истекот на мандатот сме реализирале безмалку пет милиони евра во комуналната изградба“.
Кога се работи за проектите реализирани во овој отчетен период, а неизоставно треба да се споменат, градоначалникот ги наведе: изградбата на новиот Градскиот плоштад,големите вложувања во образованието и културата, вложувањето во комуналната инфраструктура и патишта,грижата за спомениците од минатото,решавањето на уличното осветлување, ставањето во функција на индустриската зона „Телот“ каде е сместена најголемата инвестиција „Дрекслмаер“, изградбата на спортски терени и објекти по училиштата и урбаните заедници,рекоснтрукцијата на зградата на Собранието на Општината,санација на загубата на ЈП „Комуналец“ како и неговото повеќе од успешно работење потоа, како и многу други проекти.
Панов се наврати и на проектите кои како предизвик во наредниот период се наметнуваат за приоритет, а тоа се: Доведувањето на нови 200 литри вода со што ќе конечно ќе се реши проблемот со водата за пиење во Кавадарци и Росоман и ќе се симнат од сила редукциите.Изградбата на Деловен трговски центар на местото на Градскиот пазар,изградбата на катна, гаража, изградбата на подземен коридор во централното градско подрачје, изградбата на катна гаража , продолжувањето со реконструкција на кејот на реката и други проекти.
Зборувајќи за деловно трговскиот центар и катната гаража, без двоумење свесен за политичката и морална одговорност Панов пред граѓаните истакна дека е сосема свесен дека тоа се двата објекти кои беа ветени а не се реализираа. Без намера да се амнестира од одговорноста, сепак јавно и гласно проговори за причините кои допринесоа да не се реализираат овие проекти. Прво е обврската на одлуката на Советот обештетувањето кон приватните сопственици на деловни објекти на пазарот да биде во однос за секој одземен квадратен метар тие да добијат еденипол метар квадратен, на што најголемиот дел од нив се согласиле, работата запнала кај двајца кои не успеала да се договораткој да го поднесе трошокот за преградниот ѕид во просторот од 30м2. На ова како и на неколку други банални причини пред се мотивирани од алчноста , проектот ДТЦ не се реализира, на старата локација во центарот. Алтернативата пак во новиот центар наградот не се реализира поради противењето на граѓаните изразено со петиција, а тој и општината Советот како одговорна власт целосно ја испочитуваа таа одлука. Но напомена сепак ДТЦ Пазар ќе се гради со јавно приватно партнерство. Исто така напомена дека наместо бетонска на локацијата под хотелот „Балкан“ сепак ќе се гради катна гараѓа, но од монтажен тип. Упати ивинување кон граѓаните со желба за нивно разбирање, но напомена дека од ветени дваесеттина капитални објекти,нерелизираните два и тоа поради објективни причини сепак не ја намалува тежината на сработенота. Притоа ги истакна бројките кои се факти сами по себе. Во 2009 година 88 милиони денари за комунална изградба постепено во текот на годините прераснаа во 220 милиони во 2012 година. Во делот на комуналната изградба посочи дека за неполни четири години е реконструиран и продолжен е колекторскиот систем. Уредени се скоро сите поројници - долови во градот. Асфалтирани и поплочени 10 фудбалски и кошаркарски игралишта. Изградени се над 15 детски игралишта и паркчиња. Обновена урбаната опрема. со асфалт се реконструирани 13 км улици, 46 км со бекатон и гранитни коцки. Изградени 300 м. цвеќарници , 250м. потпорни ѕидови, тампонирани 6000м, полскипатишта, пробиени 16 км нови полски патишта. Пилот проект Тиквешки полски чувари за заштита на полскиот имот – прв тако во Република Македонија со што само за една година е сопрено дивеењето и дрскоста на послките арамии.
На крајот Панов во пораката кон граѓаните повторно ја повтори максимата „Кавадарци над сите“ од единстевна причина дека конечно е дојдено времето да се споредуваме со најдобрите во светот, а не со просечните како нашите соседи притоа сосема непотребно прикачувајќи си самите себеси некакви придавки од типот на србофили, гркофили, бугарофили. Порача дека само единствени и посветени можеме за ја градиме општината и македонија врз принципите на одговорно, домаќински,чесно и посветено работење.