ГРАНТОВИ ДО 3000 ЕВРА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ
До 20 мај оваа година сите невработени лица што се евидентирани во Агенцијата за вработување имаат право и можност да аплицираат и да конкурираат за добивање 3.000 евра неповратна финансиска помош. Со добиените средства од страна на државата невработените лица ќе можат да отворат бизнис по сопствена желба и според сопствената мотивација и да се вработат себеси, а доколку нивниот бизнис-план тоа го предвидува да вработат и дополнителни лица во креираниот бизнис. Процедурата за апликација е едноставна и се состои во поднесување на барање за учество во проектот од страна на евидентираното невработено лице до Агенцијата за вработување. По ова апликантот поминува еднодневна обука за пополнување на прашалник во кој се наведни нацртите на бизнисот кој што апликантот има намера да го воспостави, за потоа да се пристапи кон пополнување на прашалникот и доставување на истиот до Агенцијата. Агенцијата потоа пристапува кон разгледување и бодирање на прашалниците по што се изготвува првична ранг листа на најдобро бодирани прашалници, притоа водејќи сметка за територијалниот аспект односно покриеноста на целата територија на државата. Апликантите кои доставиле одговорени прашалници кои се најдобро рангирани потоа ќе поминат 5 дневна обука и заедно со експерти до агенцијата за подршка на претприемништвото кои самите ќе ги изберат ќе работат на изготвување на бизнис план во кој ќе бидат наведени детали за бизнисот кој имаат намера да го воспостават, бројот на лица кои планираат да се вработат во бизнсиот, потреби од материјал, опрема и останати бизнис аспекти. Најдобро рангираните бизнис планови ќе ја добијат владината поддршка која се движи во интервал од 3 до 5 илјади евра.