ПОЧЕТНА » храна » Гроздов слад- Маџун

Гроздов слад- Маџун


Додадено на 03-11-2014 во храна

Гроздовиот маџун претставува природен засладувач кој се произведува од гроздов сок. Маџунот е традиционален и национален македонски производ кој се користел и произведувал масовно се до комерцијалната продажба на белиот шеќер. Најмасовно се произведувал во лозарските краеви на Македонија, од кој најпознат е тиквешкиот од сортата Кратошија. Маџун се прави и од бели и од црвени сорти грозје, но се избираат поблагите сорти, од кои излегува многу повеќе маџун. Оваа чиста органска храна освен како храна, се повеќе е барана и како лек. Научно е докажано дека тој се наоѓа на прво место како лек за регенерација на црниот дроб, а болните од жолтица и цироза имаат доста полеснотии во лекувањето со маџун. Содржи гроздов и овошен  шеќер, хидросолубилни витамини (B1, B2, B3, B6 и C), минерали, (К, Na, Ca, P, Fe), танини, флавоноиди, органски киселини. Се препорачува за зајакнување на имунолошкиот систем кај децата, рековалесценти, возрасни како и спортисти. Маџунот е ефикасно природно средство кое помага при инфекции на дишните органи, при нарушена функција на хепар (жолтица, алкохолизам) при психички нарушувања и прекумерна тежина. Маџунот е 100%  природен производ без додаток на шеќер, адитиви и конзерванси.

Употреба: по една супена лажица 1-2 дневно растворена во вода, чај, млеко.