Груевски и Ристовски промовираа 10 нови наслови- досега преведени 907 книги
„Маркетинг во патувањето и туризмот“, „Кетеринг менаџмент“, „Меѓународно јавно право“ и „Прирачник за педијатрија“ се четирите од новите 10 преведени наслови, кои ги промовираа премиерот Никола Груевски и заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Заклучно со овие наслови, преведени се вкупно 907 книги- дел од капиталниот владин проек за превод на 1000 стручни и научни книги кои се користат на 10-те прворангирани универзитети во светот.
Новите 10 изданија се од областа на медицината и стоматологијата, транспортот и телекомуникациите, туризмот и бизнис логистиката, правото, ликовната уметност, природно математичките науки, како и од областа на машинството и електротехниката.
Преку овие преводи, ќе им се овозможи првенствено на студентите во Македонија континуирано да бидат во тек со најновите информации, анализи, достигнувања, методи, техники и практики од областите во кои студираат и ќе им се помагне во надградбата на сопственото знаење, како и во подигнувањето на личната конкурентност при настап на пазарот на труд во земјата, но и во глобални размери.