ДАНИЕЛ КАЈМАКОВСКИ Е ОВОГОДИНЕШНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕВРОВИЗИЈА
Даниел Кајмакоски и песната „Лисја есенски“ која ја на овогодинешниот Скопски фестивал ја испеа е избрана за најдобра песна која ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015. Даниел настапи трет, испеа во негов стил, кој најмногу му одговараше и додека настапуваше на „Х-фактор“, уште еднаш покажа зошто е најомилен кај публиката. Според гласовите од интернационалното стручно жири имаше 10 поени, а според гласовите од публиката, за него имаше пристигнато над 3000 смс пораки и со тоа и обезбедени 12 поени. Со вкупен збир од 22 поена, Даниел го освои првото место и наградата од 20.000 евра. Второпласирана е Тамара Тодевска со прекрасната балада „Брод што тоне“, која иако според стручното жири беше на првото место со освоени 12 поени, сепак, од публиката освои околу 700 гласови, односно 8 поени и заврши на второто место со вкупно 20 поени. Таа доби награда од 10.000 евра. На третото место е дебитантката Евгенија Чанчалова – Еги. Со специфичниот вокал и емотивната изведба на песната „Да не те сакам“ успеа да освои околу 2000 гласови од публиката – 10 поени, но и високи поени од стручното жири, поради што заврши на третото место со награда од 5000 евра. Целото шоу беше со беспрекорна организација и тематска сценска изведба на најавите кои преку познати евровизиски хитови ги претставуваше Васил Зафирчев.Во ревијалниот дел, настапија македонските поп-диви и претходни евровизиски претставнички, Каролина Гочева и Калиопи. Постхумно беше доделена наградата за посебен музички придонес на Даниел Милошевски од Авалон продукција, а наградата за животно дело ја доби композиторот Димитар Масевски.