ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ ВО ГОЛЕМИОТ БРАТ
Наш претставник во Големиот брат оваа година најверојатно ќе биде Даниел Кајмакоски.
Првичните претпоставки дека победникот на Х-фактор ќе биде дел и од ова реално шоу, се потврдија кога на социјалните мрежи се појавија фотографии од Кајмакоски кој веќе влегол во куќата на Големиот брат. Од продукцијата се уште немаат испратено официјална потврда. Изборот, според многумина е полн погодок. Минативе години Македонците беа победници на регионалните шоуа. Кајмакоски победи на Х-фактор, а на минатиот серијал од Големиот брат победи кумановецот Дарко Спејко. Дали Даниел само позира или во куќата отишол да ги договори условите за учество, ќе дознаеме наскоро. Следната сезона на Големиот брат ќе биде со ВИП личности.