ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА ХИВ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 ДЕНА
За десетина дена се регистрирани два нови случаи со ХИВ инфекција, со што бројката за оваа година порасна на 30 новозаболени. Невладините кои работат на терен алармираат дека ризикот од нови инфекции од ХИВ дополнително ќе се зголеми и поради повлекување на Глобалниот фонд кој ги финансира програмите за ХИВ. Бараат Владата и Министерството за здравство да најдат механизми за финансирање на граѓанскиот сектор и мрежата од 15 организации кои работат за превенција и подршка од ХИВ.
Од 1987 година кога е регистриран првиот ХИВ позитивен случај во Македонија, досега, бројот на инфицирани изнесува 272. Од нив 161 живеат со ХИВ, од кои 124 се на антиретровирусна терапија. Се очекува до средината на идната година бројот на новорегистрирани со ХИВ инфекција да достигне 300.