ДВАЕСЕТ ПЛАНИНАРИ ОД СПАОК АНТИГОНЕА ОД НЕГОТИНО ВО СЛОВЕНИЈА
Дваесетина планинари од Спортско планинарскиот алпинистички ориентационен клуб „ Антигонеа “ од Неготино од 20 до 23 март, заедно со пријателите планинари од ПД „ Голија “ од Ивањица, Република Србија и ПД „ Коњух “ од Тузла, БИХ беа гости на ПД „ Чрномељ “ Република Словенија и учествуваа на третиот по ред Јожефов поход.
„ Нашите планинари заедно со планинарите од Тузла и Ивањица во текот на четиридневниот престој во Чрномељ, покрај организираниот престој од домаќините, имаа можност да ги посетат планинските предели на Словенија и да уживаат во истите. Главната акција по повод Јожефов поход, се одржа во неделата на 22 март , на која учествуваа над 350 планинари. Патеката по која се одвиваше Јожефовиот поход беше доста интерсна и проткаена со многу живописни места, убави пејзажи, прекрасна планинска шума, распостилајќи се покрај реката Потуреншчице, местата Бахор, Мало Лахинјо, Белчји врх, Подлог “ – вели претседателот на друштвото Александар Гичовски .
Од друштвото потенцираат дека сите учесници на походот успешно ја реализираа оваа акција, но и покрај врнежливото време успеале да ја поминат 15 километарската патека. Походот завршил со традиционален специјалитет од словенечката кујна, гулаш, и неодминливиот словенечки фолклор со игра и песна на културно уметничко друштво од Чрномељ. Не смееме да заборавиме а да не споменеме дека за време на дружбата биле испеани и неодминливите македонски народни песни кои се како заштитен знак на неготинското друштво Антигонеа. На крајот од програмскиот дел на оваа организација, сите учесници на походот организирале заедничка завршна средба на која биле договорени идните планови за заеднички активности на друштвата на интернационално ново и понатамошна успешна соработка помеѓу нив.
„ По завршувањето на походот,на враќање кон Македонија планинарите од Спаок ,,Антигонеа-Нег” заедно со нивните пријатели од Ивањица, го посетија хрватскиот национален парк Плитвички езера каде што на лице место се запознаа со убавините на националниот парк ,којшто од 1979 годнина е вклучен како дел од Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО“ – вели Гичовски .
Во рамките на оваа турнеја , четворица членовите на СПАОК,,АНтигонеа-нег”, како дел од развојната стратегија на клубот, по претходно воспоставени контакти, остварија средба и со членови на ПД „ Снијежница“ од Дубровник. Домаќините од клубот, за двата дена претстој во Дубровник, на неготинските членови им овозможиле целосно и детално разгледување на Дубровник со сите значајни обележја за градот, панорамска прошетка и дружење во Дубровник. Исто така , членовите одржале заеднички состанок со членовите на ПД „ Снијежница “ од Дубровник во просториите на нивниот клуб, каде што се запознаа со активностите на клубот, а исто така имаа и своја презентација за активностите на неготинскиот клуб Антигонеа. На состанокот , заедничка била идејата и желбата за продлабочување на соработката меѓу двата клуба, а првично се усогласени и договорени термини и планови за идни активности на двата клуба. Да споменеме дека како дел од постојаните планинарски активности за време на викендите, на 22 март, неколку планинари од „ Антигонеа “ реализираа планинарска активност на снежните падини на планината Плачковица, притоа посетувајќи го Планинарскиот дом ,,Џумаја” каде се сретнаа со пријатели - планинари од Планинарскиот клуб ,,Бел Камен,, од Радовиш.