ПОЧЕТНА » КАВАДАРЦИ » ДВЕ ЛИТИИ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ 2016

ДВЕ ЛИТИИ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ - ВОДИЦИ 2016


Додадено на 15-01-2016 во КАВАДАРЦИ

Богојавленскиот крст во Кавадарци годинава повторно ќе ги освети водите на реката Луда Мара со што свештениците од МПЦ ќе го извршарт светиот чин на крштевањето осветувајќи ги сите водотеци. Со овој чин се став крај на таканаречените некрстени денови од Божик до Водици. Претходно како вовед во чинот на потопувањето на крстот, МПЦ во црквите извршува света литургија за Богојавленскиот водосвет. Во Кавадрци за прв пат богослужба за Водици ќе има и во новата црква Св.„ Преподобна Параскева“-Петка. Свештените лица во вторник на 19 јануари ќе имаат свечени литургии во старат црква Св. „Димитрија“ и во новата Св. „Петка“. Веднаш после литургијата во базеннчето на црквата Свети Димитрија ќе се изврши водосвет на воадата, а крстот со литија по улиците „Мито Хаџи-Василев  Јасмин“ и „7 Септември“ ќе се упати кон реката Луда Мара. За прв пат кон мостот кај Јаворот ќе се упати и литиа од новата црква која ќе се движ по улицата „Гоце Делчев“ до старата црква, од каде ќе се приклучи кон литијата со светиот крст, па така споени двете литии во едно по улиците „Мито Хаџивасиле-Јасмин“ и „7 Септември“ ќе пристигнат на мостот кај јаворот.  . МПЦ-ОА упатува повик до граѓаните во вторник на 19 јануари 2016 година да се приклучат што помасовно на поворката со светиот крст и заедно со свештенстото како што налага редот низ кавадаречките улици да го пренесат светиот крст до водите на реката Луда Мара. Фрлањето на крстот ќе се изврши во 11:00 часот. Традиционално  Богојавленски водосвет ќе се изврши и на Браната „Моклиште, таму крстот ќе се фрла во 12:00 часот