ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ АКТУЕЛНАТА СОСТОЈБА ВО ЗЕМЈАВА ЈА ОЦЕНУВА КАКО ЗАГРИЖУВАЧКА
Председателството на општинската организација на Демократски сојуз – Неготино на состанокот одржан на 15. 02. 2016 година, покрај повеќето точки, ја разгледуваше актуелната состојба во Република Македонија. Се цени дека состојбата е загрижувачка, пред се поради настаните во државата во последните наколку месеци. Преседателството на општинската организација на Демократски сојуз Неготино е редовно на терен ја следи сотојбата. Преку постојани контакти со граѓаните, се дојде до заклучок дека граѓаните не се задоволни со актуелната состојба и се загрижени поради што бараат таа да се реши, како тие би можеле поспокојно да се посветат на секојдневните обврски.
Како што истакна председателот на општинската организација на Демократски сојуз Неотино – Ванчо Петров, граѓаните се вознемирени, од повеќе причини, бегалската криза, состојбата во државата, постојаниот одлив на млади истручни кадри, намалениот наталитет, иселувањата на цели села , миграцијата внатрешност – главен град и така натаму.
Понатаму, како што се вели во соопштението, гарѓаните наоѓаат замерка на досегашниот начин на практикување на власта, од осмостувањето на Република Македонија до денес, поради што бараат одговорно однесување на сите носители на функции во државата.
Демократскиот сојуз на наредните парламентарни избори, на кои ќе настапи самостојно, во својата изборна програма, покрај многуте понудени можности за подобрување на состојбите во државата, токму тоа и ќе им го понуди на граѓаните, одговорно однесување на сите носители на функции во државата, со што ќе има можност да се смени перцепцијата за носител на функција во Р Македонија.