ДЕН НА НАГРАДИ ВО НЕГОТИНСКАТА БИБЛИОТЕКА
Локалната библиотека „ Страшо Пинџур “ од Неготино денеска ги додели наградите во рамките на натпреварот по креативно пишување кој неготинската библиотека го организираше по повод празникот Свети Трифун.
Како што вели директорката на неготинската библиотека Катерина Данаилова на овој креативен натпревар учество земале 60 ученици од шестто до деветто оддленеие од двете основни училишта од Неготино, а комисијата имала тешка работа да ги одбери, прогласи и награди најдобрите тројца ученици.
Прво наградена е ученичката Лора Ставровска, второ наградена Мартина Иванчева, додека трето наградена е Милка Атанасова. Неготинската библиотека ги додели и наградите за најдобар есеј на конкурсот насловен „ Вино и еден аманет “ на авторот Павлинка Ристова и најдобрата поема на Рената Ѓорѓиевска, а дипломи и пригодни награди добија и најчитателите кои зимскиот распуст прочитале најмногу книги.