ПОЧЕТНА » храна » ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ПАЛАЧИНКИТЕ

ДЕНЕС Е СВЕТСКИ ДЕН НА ПАЛАЧИНКИТЕ


Додадено на 17-02-2015 во храна

Првата палачинка ја направи готвачот на папата Гелацие Први, кој во 492 година замесил вода, јајца и брашно, за да ги нахрани многубројните верници. Новото јадење го нарече плацента или во слободен превод – плоча.

Излезе дека ова е голем изум, со оглед на тоа дека може да се јаде во блага и солена варијанта, со се и сешто, но и без ништо. Има уште една занимливост поврзана со палачинките. Наполеон, наводно, пред секоја битка секогаш печел палачинки со надеж дека ниту една нема да му падне, затоа што тоа било лош знак. Но, легендата вели дека по вртењето на палачинката во воздух, ја промашил тавата и палачинката паднала. Тоа се случило кога се одлучил да појде во битка за освојување на Москва.

Извор: Република.мк