ПОЧЕТНА » НЕГОТИНО » ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ДЕНЕСКА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО СЕ ОДРЖА РАБОТИЛНИЦА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ВАРДАРСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН


Додадено на 30-01-2015 во НЕГОТИНО

Денеска во големата сала на општина Неготино, претставници од Центарот за развој на Вардарски плански регион одржаа работилница за утврдување на предлог проекти на Центарот за развој на Вардарски плански регион и Советот за развој на Вардарски плански регион што ќе ги аплицираат преку програмата за регионален развој ГИЗ РЕД, која е германска програма. За целите на работилницата како и критериумите за аплицирање во шемата за финанскиска поддршка пред присутните говореше раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев.

 

„ Денеска сме тука во Неготино да ги слушнеме поректите кои ќе ги предложат општините, бизнис секторот и невладиниот сектор и на Седницата на Советот која ќе се одржи на 6 февруари во Свети Николе, на која градоначалниците ќе одлучат со кој проект Вардарскиот регион оваа година ќе аплицира во оваа програма. Минатата година, се изработија 4 проекти за кои искористивме 3 милиони денари, а во Неготино ја изработивме техничката документација за индустриската зона КП 1000 “- вели раководителот на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Марко Колев.

Потоа, претставниците од општините од Вардарски плански регион се претставија со поединечни презентации за своите предлог-проекти за кои следуваше и дискусија, како и утврдување на приоритетна листа на проекти со кој Вардарскиот регион оваа година ќе аплицира.