ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » Денеска е денот на револуционерната борба

Денеска е денот на револуционерната борба


Додадено на 23-10-2013 во МАКЕДОНИЈА

 


Денеска Македонија и Македонците го празнуваат 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Притоа од 2007 година овој празник еи неработен ден за сите граѓани на државата.

На денешен ден, 23 октомври 1893 година во Солун е основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

 

Основоположници на револуционерната организација се Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМОРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање современа самостојна македонска држава.

 

Во чест на Денот на Македонската револуционерна борба низ цела Македонија се случуваат разни свечености, концерти, спортски натрепави и други настани.