ПОЧЕТНА » МАКЕДОНИЈА » ДЕНЕСКА Е ПРЕПОДОБЕН ЕФТИМИЈ ВЕЛИКИ

ДЕНЕСКА Е ПРЕПОДОБЕН ЕФТИМИЈ ВЕЛИКИ


Додадено на 02-02-2016 во МАКЕДОНИЈА

Православната црква и верниците денеска го слават празникот на Преподобниот Ефтимиј Велики, голем светител кој уште за време на животот го почитувале и нарекувале син на светлоста.

Поради животот кој го посветил на други и учењето за тоа дека човек мора да пружи помош, дури и на непознати, Преподобниот Ефтимиј и денеска се смета за заштитник на слабите и несреќни луѓе. Се смета дека е голем грев на денешниот ден да се избрака просјак од прагот или да се одбие да се помогне на некој кој бара помош. Ако тоа го направите, народот верува дека ќе се навреди Ефтимиј, а потоа животот ќе ви помине без негов благослов и ништо нема да ви оди од рака.