ДЕНЕСКА Е ПРЕПОДОБЕН ТЕОФАН ИСПОВЕДЕНИК
Теофан се родил во осмиот век. Потекнувал од аристократско византиско семејство, кое било некаков род со императорот Константин Копроним. Татко му умрел рано, па Теофан бил оставен на грижа на императорот.
Не сакајќи да ја жалости мајка му, кога дошло време тој се оженил со една девојка од виден род. За негова среќа, Господ му дал за жена сродна душа, и самата насочена кон Бога. Тие живееле честит живот среде суетата на дворот, а кога им се дала прилика двајцата стапиле во манастир. Свети Теофан набрзо се прочул по својот добродетелен живот и околу него се собирале и други љубители на подвижничкиот живот. Пострадал заради исповедањето на правата вера во времето на царот Лав Ерменец. Бил заточен на островот Самотраки, каде и се упокоил.